EmailHome
За Нас Дистрибуција Модели Контакт
Нимекс д.о.о - Скопје е трговска фирма која успешно опстојува на Македонскиот пазар од 1991 година. Денес, после долгогодишното искуство, ние сме еден од најголемите увозници и дистрибутери на повеќе светски брендови како што е целокупната програма на Жито Љубљана, во која спаѓаат Горењка чоколадите, Гранде тестенините, двопекот Златен Препеченец, Боно наполитанките, Шуми бонбоните и други. Потоа програмата на Меркатор - Емба како што се чоколадните напитоци Бенквик, чоколадниот прелив Слатки Грех, корнфлексот на Емби Чоко Попс и други. Исто така во нашиот асортиман на производи спаѓа групацијата Ливен, која е застапена со програма на чипсови, микробранови пуканки, пити тортиљи и во најново време програмата на Полскиот производител Гелве во која спаѓаат инстант кафињата Ла матина, енергетскиот пијалок TIGER, разни видови на топли чоколада, инстант прашоци за палачинки и друго. И како еден од поквалитетните брендови кои ги застапуваме е Полскиот производител Миешко со своите Чоколадни бонбони, бонбониери, овошни бонбони и друго.
Еден од најновите и најатрактивните брендови на НИМЕКС - Скопје се скутерите на кинескиот производител BENZHOU. Оваа година, Нимекс својата продажба ја остварува преку директни и индиректни канали за продажба ширум републиката. Во иднина е планирана исградба на атрактивен салон за скутери.
Нимекс - Скопје, своите производи ги дистрибуира брзо и ефикасно до сите продажни места во републиката со свој возен парк (Амбулантно доставување). Тимот од раководните лица и грижливо избраните вработени во нашата компанија, кои се споени со сопствените магацински и административни простории како и со возниот парк, обезбедуваат целосна сатисфакција кај нашите комитенти.

Со Почит,
НИМЕКС - Скопје.

 


 
Top
Copyright 2008 Nimeks d.o.o. - Skopje. All rights reserved.
about us  distribution   contact  motors   food&drinks ni.doors