За Нимекс

Нимекс д.о.о - Скопје е трговска фирма која успешно опстојува на Македонскиот пазар од 1991 година. Денес, после долгогодишното искуство, ние сме еден од најголемите увозници и дистрибутери на повеќе светски брендови како што е целокупната програма на Жито Љубљана, во која спаѓаат Горењка чоколадите, Гранде тестенините, двопекот Златен Препеченец, Боно наполитанките, Шуми бонбоните и други. Потоа програмата на Меркатор-Емба како што се чоколадните напитоци Бенквик, чоколадниот прелив Слатки Грех, корнфлексот на Емби Чоко Попс и други. Исто така во нашиот асортиман на производи спаѓа групацијата Ливен, која е застапена со програма на чипсови, микробранови пуканки, пити тортиљи. Програмата на Полскиот производител Гелве во која спаѓаат инстант капучина Ла матина, енергетскиот пијалок TIGER, разни видови на топли чоколада, инстант прашоци за палачинки и друго. Потоа Полскиот производител Миешко со своите Чоколадни бонбони, бонбониери, овошни бонбони и друго. Машка колекција на део спреови, лосиони после бричење и гелови за бричење произвдение од Јаго-Про, Полска. Како најново Нимекс е генерален увозник на познатите Српски сокови Верде, произведени од ИБ Тим Белград, програмата на General Fresh која се состои од освежувачи на простории, купатила, тоалети, сапуни, средства за миење садови а од неодамна како нови брендови се јавуваат Wet Wipe, Унгарски произведувач на влажни марамчиња и dr.Pack кој е производител на фолии за домакинство исто така од Унгарија итн.

Нимекс - Скопје, своите производи ги дистрибуира брзо и ефикасно до сите продажни места во републиката со свој возен парк (Амбулантно доставување). Тимот од раководните лица и грижливо избраните вработени во нашата компанија, кои се споени со сопствените магацински и административни простории како и со возниот парк, обезбедуваат целосна сатисфакција кај нашите комитенти.

Со Почит,
НИМЕКС - Скопје.

 

 


Copyright 2008 Nimeks d.o.o. - Skopje. All rights reserved.
about us  brands  promotions  distribution  tiger energy  contact  motors  food&drinks ni.doors
Top Home Email